Според реномираното списание Autoexpress, иако маскиран, воочен и фотографиран е новиот SUV на FIAT, кој веројатно треба да го комплетира семејството на Panda.
Според она што може да се види на фотографиите направени на јавни патишта, веројатно ќе се работи за SUV со елегантно спуштен кров кон задниот дел, во Fastback варијанта.
И тоа ќе биде еден од двата SUV-a кои FIAT планира да ги лансира на автомобилсиот пазар.
Фастбек моделот, кој ќе наликува на Grande Panda во предницата, треба да се појави на почетокот од оваа година, а со продажба официјално да започне пред крајот на 2026 година.







