Koмпанијата од Риселсхајм, OPEL, и официјално потврди дека планира да лансира нова Opel Corsa GSE која ќе биде спортска, динамична и целосно електрична.
Со ова ќе се прошири електричното семејство на GSE модели, откако минатата година веќе беше промовирана спортската и електрична – Mokka GSE и која веднаш по лансирањето ја доби наградата Златен Волан 2025, како најдобар мал автомобил.
Моделот Opel Corsa, кој со години е еден од најпопуларните мали германски автомобили, треба да се надоврзе на успехот на Mokka GSE и да ги спои спортските емоции со електричната мобилност.







