Aко сте фан на моторциклите, а сеуште не сте решиле што ќе правите овој викенд, во Белградска Арена, во својата завршница се подготвките за врвен спектакл.
Оваа сабота ќе се одржи трка од FIM SuperEnduro Светското првенство.
За овој настан Арената доживува целосна трансформација, се инсталира сосема нов светлечки систем, а во просторијата се носат тони земја, камења, стебла на дрва и други пречки преку кои моторциклистите ќе ја совладуваат својата патека.

Настанот во сабота почнува со квалификациски трки уште од 10:00 часот наутро, а главниот спектакл почнува од 18:00 часот, кога ќе се одржат и главните трки за бодови. Најдобрите трки и акробации се предвидени за вечерните часови.







