Mercedes-Benz го претстави својот супер ван – VLE

67

На свечената премиера која беше пренесувана и во живо на интернет, луѓето од Mercedes-Benz го претставија својот нов луксузен ван – VLE.

Станува збор за целосно електричен повеќефункционален ван, изработен на сосема новата модуларна Архитектура, во која царува и интелигентниот оперативен систем Mercedes-Benz Operating System (MB.OS).

Како што велат во Mercedes, новата VLE нуди спој на најдоброто од комфорното и луксузно возење на една лимузина, со исклучителната практичност на еден MPV (Multi Purpose Vehicle).

Благодарение на новата 800 Волтна технологија и лесното и брзо полнење, оваа ван лимузина е идеална за секакво кратко или подолго патување.

“Сосема новиот електричен VLE означува нова значајна точка во нашата успешна историја од 140 години. Креирана од страна на нашиот пионерски дух, тој го редефинира доживувањњто на простор и комфор, и додадва ниво на различност и иновација кои се вистински менувачи на играта. Исто така, тој нуди и водечка автономија од повеќе од700 км. VLE е првиот модел направен на новата Van Архитектура, дизајнирана да одговори на потребите и желбите на клиентите и да се прилагоди на нивниот животен стил.” 
Изјави Ола Калениус, Претседател на Бордот на директори, на Mercedes-Benz Group AG.

Мануелно оперираните седишта имаат четири интегрирани тркалца и можат да се движат напред и назад без никаков напор, да се заклучат во било која одговарачка позиција, или лесно да се отстранат и стркалаат во гаражата. Седиштата се подесуваат електронски и може да се придвижат и со помош на апликација или централната единица.

Повеќе за сосема новиот и револуционерен VLE ќе можете да дознаете во некоја од следните епизоди на Темпо Магазин.

Други статии :

Реклама