Македонски автомобили на струја?

126

Регионалните медиуми, неколку дена пишуваат за автомобилите на струја кои треба да се произведуваат во нашата земја?

Сторијата, која меѓу останатите ја објави и Forbes.hr зборува за брендот Comsove, кој на пазарите во Македонија, Србија и Босна и Херцеговина треба да ги нуди и продава електричните автомобили под името на овој бренд.

Во сторијата се наведува дека во компанијата е потенцирано дека производството сепак нема да се врши во Македонија, туку се работи за автомобили кои се произведени во градот Дежоу во Кина.

Меѓу првите модели кои беа промовирани на отворените веб страници беше кросоверот Comsove Meliq, за кого се вели дека се отворени предпорачките, и дека цената на овој модел изнесува 45.950 евра и дека ако сакате да направите резервација на овој автомобил треба да уплатите резервација од 250 евра.

На македонската веб страница, покрај овој SUV се споменуваат и неколку комби варијанти за превоз на товар, кои исто така ќе бидат на електричен погон.

Интересен е и малиот модел Comsove Firiq кој треба да чини 17.850 евра.

Во сторијата се споменува името на извесен Кан Џеладин, кој ја потврдува сторијата и вели дека предпорачките за овие автомобили се веќе отворени, а возилата треба да пристигнат за околу 6 месеци во земјата.

Застапништтвото за Балканскиот регион на овие автомобили ги држи компанијата Ideal Horizon Group (IHG).

Инаку, фокус на овој бренд се пред се земјите од Северна Африка, ЛАтинска Америка, Европа, Балканот и Турција.

Останува да видиме дали оваа приказна е реална и кога истата ќе почне да се реализира.

Реклама