Во одлична атмосфера, заедно со своите деловни партнери и соработници, Ликви Моли Македонија, ја организираше Третата Партнерска средба на 26.02.2025 во хотелот Double Tree by Hilton, во Скопје.

На убавата традиција која продолжува, сопствениците и менаџерите на компаниите (дистрибутери, дилери и сервисери) кои се лојални на LIQUI MOLY и покажуваат најдобри продажни резултати имаа можност да се сретнат, дружат, разменат идеи и ставови и да добијат уште некоја информација, од прва рака, за Германскиот бренд на моторни масла, адитиви, масла за менувачи и сервисни препарати.

Како и на минатите две средби, на свечениот настан, присуствуваа и официјалните претставници од Улм.
Обраќање на продажниот менаџер на LIQUI MOLY
Господинот Сабахудин Шерифовиќ, официјален продажен менаџер на неколку земји од Балканскиот полуостров, на присутните гости им ги претстави најновите информации за LIQUI MOLY, меѓу кои особено ги истакна следните факти :
- LIQUI MOLY успеа во 2024 година, предвреме, да го оствари поставениот таргет за фирмата – промет од 1 милијарда евра.
- LIQUI MOLY – 14-та година по ред е избран од најголемите германски автомобилистички списанија за Најдобар Бренд во својата класа на моторни масла и подмачкувачи.
- LIQUI MOLY e маркет лидер на Германскиот пазар во сферата на моторните масла.

Тој зборуваше за активностите на компанијата од Улм, планираните инвестиции на фирмата и новите продукти кои се на пат кон Македонскиот пазар.
Зборуваше за огромните инвестиции кои компанијата ги прави во маркетингот, спонзорирајќи ги најголемите европски и светски спортски настани како што се – F1, Moto GP во кој моторцилите на сите натпреварувачи задолжително мора да го користат моторното масло на LIQUI MOLY, ракометот, фудбалот, ски скоковите, зимските спортови, кошарката….

Најави уште поголема активност на нашиот пазар и поддршка за сите партнери на својот ексклузивен увозник и дистрибутер во земјата – LIQUI MOLY Македонија, на чии претставници им беше врачена Плакета за успешно одработена 2024 година.

Презентација на продуктите од техничкиот експерт на LIQUI MOLY
На настанот, свое излагање имаше и Марк Тиш, технички експерт од тимот на LIQUI MOLY.
Тој ги потсети присутните за богатата палета на производи (над 4.000 артикли, 100% произведени во Германија). Ги претстави новите адитиви со кои клиентите може совршено да ги одржуваат и заштитат своите автомобили, како и проиводите со кои се решаваат сериозни сервисни проблеми.

Особено се осврна на :
- Новата комплетно автоматизирана машина за чистење и промена на масло кај автоматските менувачи – Gear Tronic III, за чие функционирање беше организиран специјален тренинг, ден пред тоа, во сервисот Astra MS Bosch Car Service во Скопје.
- Новата машина за чистење на бензинските и дизел системи – Јет Clean Tronic.
- Специјалниот систем (пиштол и сонда) со кои се аплицираат адитивите на LIQUI MOLY директно во dpf (diesel particulate filter) – филтерот за дизел честички, чиешто затнување во нашата земја е еден од најчестите и најскапите дефекти на модерните дизел автомобили.
- Специјалната PRO-LINE серија на адитиви и сервисни производи наменети за сервисно работење.
- Новите адитиви за заштита на скапите Ad-blue системи од кристализација и оштетување.
- Најновите адитиви со кои се негува возилото и решаваат сервисните проблеми.

Презентирани резултатите од минатата и планот за следната година
Уследи презентацијата која стандардно ја одржа и комерцијалниот директор на LIQUI MOLY Македонија, м-р Зоран Дочински, на која беа презентирани :
- Активностите кои компанијата ги превзема во 2024 година, потсетувајќи ги присутните на бројните акции, промоции и спонзорства кои се спроведоа во изминатиот период,
- Финансиските резултати во минатата 2024 година, во која фирмата го задржа трендот на пораст на продажбата,
- Планот за 2025 година, во кој повторно се проектира амбициозен раст на продажбата од најмалку 10%
- Беа најавени повеќе нови акции и промоции, како за крајните купувачи, така и за соработниците
- Најавено беше мотивациско патување, за три партнери со најдобри резултати заклучно со мај, кои ќе може да присуствуваат на специјален настан на MOTO GP во Италија во јуни.
- Најавен е поголем фокус на работата со сервисни центри, во кои би можела да се користи поголема палета на производите,
- Беа најавени неколку нови производи, кои за првпат ќе се појават на македонскиот пазар
- Најавена беше и поагресивна промоција и продажба на производите од брендот MEGUIN (моторни масла и адитиви кои се произведуваат во истата фабрика во која се произведуаат и артиклите на LIQUI MOLY)
- Беше презентирана и експертската анализа, со која сопствениците на флоти (комбиња, камиони, автобуси) користејќи ги специјалните пакети на LIQUI MOLY (масла и адитиви) можат да направат годишна заштеда од најмалку 2.000 евра по возило (само преку заштеда на потрошувачката на гориво) и илјадници евра преку негата и превенцијата на тешки и скапи поправки.

На крајот, комерцијалниот директор, Дочински, не пропушти да им се заблагодари за соработката на сите партнери, кои директно учествуваат во успешниот раст и развој на LIQUI MOLY во Македонија .
Награди и признанија за најдобрите
Како и секој претходен настан, и на овој, беа поздравени и наградени најдобрите партнери во 2024 година.

Во церемонијата, награди и признанија добија :
- ГОДИНГ Петрол – Тетово (Најдобра Бензиска Пумпа)
- MAMАНТ Сервис – Скопје (Најдобар Нов Сервис)
- ИВЕ ТРАНС Сервис – Скопје (Благодарница за одлични резултати)
- ДИНИ БЛУ – Гостивар (Благодарница за одлични резултати)
- АСТРА МС Bosch Car Service – Скопје (Најдобар Сервис III Место)
- ЉОТИЧ Јуниор – Валандово (Најдобар Сервис II Место)
- УНИРОЈАЛ – Прилеп (Најдобар Сервис I Место)

За најдобри партнери (фирми со најголем промет во 2024 година) беа наградени компаниите :
- TOM-ГОР Струга (Најдобар Партнер III Место)
- ДЕЛТА Auto Shop – Кичево (Најдобар Партнер II Место)

Најдобар Партнер за 2024 година
Во 2024 година, за Најдобар LIQUI MOLY Партнер и апсолутен шампион во направениот промет (над 9 милиони денари), беше избран :
- Mатадор 2002- Прилеп (Најдобар Партнер I Место)
Ова е трета година во која Матадор од Прилеп, една од најголемите професионални компании за продажба на резервни делови и масла во градот и земјата, неприкосновено го освојува Првото место во LIQUI MOLY мрежата на Македонскиот пазар.
Предавајќи му ја наградата и украсната статуетка, Дочински изрази огромна благодарност за Игор Стеванов, сопственикот и директор на фирмата МАТАДОР и за целата екипа на професионалци под негово лидерство, кои го препознаа потенцијалот на супер брендот од Германија и беспоштедно се вклучија во неговата промоција и продажба.

Забава за гостите
По работниот дел, настанот продолжи со забава на Roof барот во Double Tree by Hilton во Скопје, на кој гостите можеа да се дружат и уживаат во музиката на all star поставата на бендот Љубојна.

Забавата помина во одлична атмосфера, а гостите имаа можност да ги наполнат батериите со позитивна енергија и да ги направат нацрт плановите за овогодишниот настап на своите пазари.

Фотогалерија од настанот































