Германскиот производител на моторни масла и адитиви LIQUI MOLY и покрај турбулентните случувања и економската криза ја заврши 2025 година со пораст на продажбата од 8%.
Две третини од вкупниот промет се генерирани на странските пазари.

Со тоа е остварен нов рекорд од произведени 119,000 метрички тони масло, 40 милиони контејнери и 25 милиони пакувања на адитиви. Како резултат на тоа, фабриката во Сарлуис, Германија ќе го зголемува својот капацитет на 160.000 метрички тони, а се планира зголемување на производните капацитети и во централата на брендот во Улм, преку нови линии за полнење, нов процес на автоматизација и дигитализација.
Се подготвува и нов логистички центар во северен Улм, во кој ќе се складира најголемиот дел од произведените продукти во компанијата.

Како резултат на одличните резултати, секој вработен во LIQUI MOLY, а ги има околу 1,300, ќе добие годишен бонус во висина до 7.000 евра!







