LIQUI MOLY Mакедонија, како овластен и ексклузивен увозник и дистрибутер на производите на LIQUI MOLY во Македонија, и оваа година ја продолжи својата убава традиција, да ги собира своите најуспешни партнери и да организира блескава ѕвездена вечер за нив.

Презентација на гостите од Германија
И во оваа 2026 година, на настанот присуствуваа официјални претставници од Германија.
Своја презентација имаше експорт менаџерот за пазарот на поранешна Југославија, г-дин Сабахудин Шерифовиќ, кој на посетителите им ги презентираше најновите остварувања и новости од светот на LIQUI MOLY.

- Тој го претстави новиот корпоративен концепт, новите логоа и бренд парола – LIQUI MOLY For the drivers (за возачите) преку кои компанијата сака да допре до своите крајни корисници кои се подготвени да инвестираат во одржување на своето возило и извлекување на максимални перформанси за истото.
- Тој зборуваше за остварувањата на LIQUI MOLY и новиот пораст и рекорд во продажбата.
- Ги потенцира остварените 1 милијарда евра промет порано од проектираното.

- Г-дин Шерифовиќ уште еднаш ги потсети гостите дека и во 2025 година, LIQUI MOLY успеа да ги освои наградите Надобар Бренд во Германија, според гласањето на читателите на речиси сите позначајни специјализирани списанија во Германија.
- Најави нови инвестиции и развој кои треба да се одразат позитивно на производството и логистичката поддршка.

Тренинг презентација
Согласно традицијата, на партнерската средба беше присутен и г-дин Дитмар Шмид, официјалниот претставник на техничкиот оддел од Германија кој направи една кратка презентација за адитивите, новите производи и новата опрема во палетата на LIQUI MOLY.

Неговата презентација направена со огромно знаење и искуство уште еднаш им потврди на присутните колку се битни обуките и едукациите од овој тип, особено земајќи го предвид фактот дека во палетата на LIQUI MOLY има повеќе од 4.000 артикли, со високотехолошки карактеристики и својства.

Г-дин Шмит се задржа и на најновите машини во палетата на LIQUI MOLY (машината за чистење и менување на масло во автоматските менувачи GEAR Tronic III, машината за чистење на дизни и инјектори JET CLEAN Tronic III, машината за менување на глицерин).
А на настанот беше најавено и официјалното пуштање на машината Gear Tronic III во функција во сервисниот центар Дини Блу од Гостивар, кое беше планирано за следниот ден.
Презентација на LIQUI MOLY Македонија
По презентацијата стандардно, збор зема и комерцијалниот директор на LIQUI MOLY Македонија, Зоран Дочински.
Во својот говор, тој ги потсети гостите на сите случувања, активности, акции и промоции кои беа спроведени во минатата, 2025 година и кои на компанијата која ја живее својата петта година на македонскиот пазар и донесоа одлични финансиски резултати и пораст во споредба со претходната, 2024 година од одлични 35%.

Во овие бројки се’ посериозно станува и учеството на производите на вториот бренд на LIQUI MOLY – MEGUIN, кои се произведуваат во истите фабрики во Германија и имаат одличен квалитет и многу поконкурентни цени.
Токму овој микс, во 2025 година, донесе и сериозен пораст на продажбата на MEGUIN артиклите од 246%, тренд на кој ќе се работи и во тековната, 2026 година преку проширување на палетата на производи кои се пласираат на македонскиот пазар.

За постигнувањата и развојот, Дочински им се заблагодари на отворена сцена на сите присутни и на сите партнери чија вредна работа е најзаслужна за врвните резултати во изминатата година.

Пораката што ја праќаме до нашите клиенти, крајните корисници, специјализирани продавници и сервисни работилници е јасна. Нудиме палета на врвни производи, со беспрекорен германски квалитет, кои се произведени стопроцентно во фабриките на LIQUI MOLY во Улм или Сарлуис во Германија.

Клиентите во нашата палета од над 4.000 производи во која може да се најдат – моторни масла, масла за менувачи, адитиви, сервисни препарати, козметика за возила и најнова и ултра модерна опрема, можат да најдат бренд кој нуди комплетна заштита, подмачкување и нега на возилата од било која класа.
Впрочем, LIQUI MOLY ги покрива речиси сите потреби на автомобилската индустрија, моторциклите, комерцијалните возила и автобуси и градежна механизација, а функционалноста на продуктите е проверена и докажана од многу производители на возила и независни институти.

Но тоа не е се’. LIQUI MOLY Македонија е тука за да ја етаблира, развие и поддржи мрежата на партнери преку кои директно настапува на пазарот.
За таа цел компанијата сериозно вложува во маркетингот во земјата, во брендирање на објектите на партнерските компании, нивно промовирање и рекламирање на локално и централно ниво. – истакна Дочински.

Оваа формула која очигледно дава резултати, ќе продолжи и во оваа, 2026 година, а во LIQUI MOLY најавуваат уште посериозна работа, нови акции и кампањи, нови производи на пазарот.
Секако, нема да изостанат и специјалните наградни патувања и дружења со партнерите на топ локации во светот кои имаат одличен ефект, го засилуваат духот и тимската работа во LIQUI MOLY Тимот во нашата земја.
Признание за работата на LIQUI MOLY Македонија
На крајот од манифестацијата, гостите од Германија, со себе донесоа и им ја врачија Благодарницата и признанието за врвни резултати на претставниците на LIQUI MOLY Mакедонија.
“И да сакавме, не можевме да најдеме подобра компанија од LIQUI MOLY Mакедонија, да ги претставува нашите интереси на македонскиот пазар. Не само во поглед на финансиските резултати туку и на начинот на кој ги пренесуваат нашите филозофија, концепт и вредности на пазарот.” – изјави г-динот Шерифовиќ.

Признанија за најдобрите во Македонија
По овој свечен и убав чин, претставниците на LIQUI MOLY Македонија на најуспешните партнери во 2025 година им доделија специјални благодарници и признанија.










Лидер на пазарот – МАТАДОР Прилеп
На крајот на манифестацијата, беше доделена и наградата за Најдобар Партнер во 2025 година на МАТАДОР од Прилеп, кој е неприкосновен лидер на пазарот четири години по ред.

Статуетката му беше доделена на сопственикот и директор на фирмата – Игор Стеванов, кој само неколку дена пред овој настан, заедно со својот тим на истакнати професионалци со долгогодишно искуство во работата со резервни делови, организираше импресивен тренинг и презентација од сличен карактер во Прилеп, за околу 50-на сервисери и корисници на производите на LIQUI MOLY.


Забава за партнерите
По официјалниот дел, за посетителите беше подготвена и специјална неколкучасовна вечера и забава со нашата легенда, Миле Кузмановски кој подготви врвно музичко доживување.










