LIQUI MOLY им додели признание за одлични резултати на LIQUI MOLY Македонија

55

Германскиот претставник на LIQUI MOLY, експорт менаџерот одговорен за земјите од поранешна Југославија, г-дин Шерифовиќ, на четвртата Партнерска средба на луѓето од LIQUI MOLY Македонија им предаде официјален сертификат (благодарница) за врвни резултати во 2025 година.

Сосема логично, ако се земе предвид фактот дека македонскиот застапник на LIQUI MOLY оствари раст на продажните резултати од фантастични 35%, со што оствари нов рекорд на брендот во нашата земја.

“Со огромно задоволство, ви го доделувам овој сертификат” – изјави г-дин Шерифовиќ во оваа прилика, “бидејќи на најдобар можен начин ја претставувате компанијата и нејзината филозофија и вредности на пазарот.”

Реклама