Lamborghini Temerario

214

Mинатата година, во специјалниот голферски резорт во Калифорнија, под името Куејл, култниот производител на супер спортски автомобили Lamborghini, организираше специјална промоција за своите внимателно избрани клиенти и фанови, на која се испиша најновата страна во поновата историја на Италијанскиот бренд.

Настанот, очекувано блескав.

Lamborghini ги почести своите клиенти и фанови од Америка, најзначајниот пазар на брендот, со шампањ, гламур и одлична забава во јасно препознатлив италијански стил.

Пробраната јавност можеше на лице место да го види најновото технолошко чудо со кое се комплетира најавената хибридизација на моделите на Ламборгини, најновиот супер спортски автомобил Lamborghini Temerario, кој според луѓето во компанијата од Сант’Агата Болоњезе, претставува Fuoriclasse или Класа сама за себе.

Новиот Теmerario доаѓа како замена на моделот Huracane.

За спектакуларниот спортски дизајн и аеродинамичноста, како и кај останатите модели на Lamborghini не треба многу да се зборува.

Но затоа, има многу работи кои може да секажат за новиот 4 литарски, хибриден V8 твин турбо мотор, спарен со три елекрични мотори, кој развива 920 коњски сили, со 10.000 вртежи во минута.

Овој ѕвер на тркала развива максимална брзина од 343 км/h, a од 0 до 100 km/h забрзува за научнофантастични 2,7 секунди!

Перформанси на спортската патека од кои буквално ќе го загубите здивот.

Што се случува кога ќе му ја позајмите најновата ѕверка на Lamborghini со моќност од 920 коњски сили  на уште еден адреналински зависник?

Луѓето од Lambo го поканија Франческо Пеко Бањаија, со три светски шампионати зад неговото име, вклучувајќи ги и оние од 2022 и 2023 година во Мото ГП, кој во својата кариера остварил 40 победи и 78 трки за подиум, да го проба новиот Lamborghini Temerario.

Moторциклистот од Торино, кој ги брани боите на Ducati и го носи својот среќен број 63, уште една коинциденција, бидејќи компанијата Lamborghini е основана во 1963 година, со задоволство го прифати предизвикот да седне зад воланот на нoвиот High Performance Electrified Vehicle со разјарениот бик на преднатахауба.

Како изгледаше неговото искуство со новиот Temerario, погледнете сами, во нашата Епизода 6.

Реклама