Колку треба да почекате по пиење алкохол, пред да седнете зад воланот?

105

Полициските службеници по една рација на патиштата во Велика Британија, утврдиле дека во периодот од 5 часот наутро до 11 часот претпладне, дури една четвртина од запрените возачи добиле казна за управување на возило под дејство на алкохол.

Иако не е исклучено дека дел од овие возачи, навистина испиле по некоја чашка пред да седнат зад воланот, експертите сметаат дека главна причина за овие резултати и недисциплина во сообраќајот е што возачите пиеле алкохол претходната вечер.

Несвесни дека алкохолот се задржува во крвта подолг временски период и сметајќи дека се веќе одамна трезни и под целосна контрола на своите рефлекси, овие возачи решиле да го управуваат своето возило.

За тоа каков ефект алкохолот ќе има врз вас, влијаат повеќе фактори како што се полот, староста, метаболизмот на организмот, видот на алкохол шт сте го конзумирале, дали и што сте јаделе пред конзумацијата итн.

Британската организација за безбедност во сообраќајот, Road Respect, направила дополнително истражување, по кое ги дала следните препораки околу тоа, колку треба да почекате по конзумацијата на алкохол и пред да седнете на возачкото место.

Тоа отприлика изгледа вака :

Чаша вино (13,5 проценти алкохол)

  • Една чаша – 3,5 часа
  • Две чаши – 7 часа
  • Три чаши – 10,5 часа
  • Четири пијалоци – 14 часа
  • Пет чаши – 17,5 часа

Чаша на жесток пијалок (40 проценти алкохол)

  • Една чашка – 1,5 часа
  • Две чаши – 3 часа
  • Три – 4,5 часа
  • Четири – 6 часа
  • Пет пијалоци– 7,5 часа

Пиво (5 проценти алкохол)

  • Една чаша – 2,5 часа
  • Две – 5 часа
  • Три – 7,5 часа
  • Четири пијалоци – 10 часа
  • Пет – 12,5 часа
Реклама