Koлку плати им се потребни на Германците за нов Golf

101

Германската компанија од Волфсбург, некогаш му го даде името на својот бренд Volkswagen (автомобил за народот)… Но како што покажуваат последните анализи на leasingmarkt.de , времињата се менуваат, а и популарниот Golf не им е достапен повеќе на сите.

Ако се земе дека стартната цена на нов Golf изнесува 29.400 евра во Германија, лице кое работи на пример, во продажба, треба да собере и издвои 14,9 нето плати за да купи нов Golf во основна верзија.

Еден наставник требада издвои 11,1 плати, а лекар од општа пракса 7 плати.

Анализата покажува и дека на директор на фирмата DAX, Голфот ќе му биде достапен за  0,11 плати – или за само 3 дена работа!

За моделот AUDI 6, пак чија цена се движи околу 55.000 евра, “народниот” aвтомобил им е достапен за околу две или повеќе години работа.

Како е кај нас?

Ако се земе предвид дека просечната плата кај нас е околу 700 евра, истата математика вели дека човек со просечни нето примања, нов Golf може да си купи за 42 месеци, а за AUDI A6 треба да работи – 78 месеци!

И притоа, треба да се претпостави дека во овој период, ќе има уште најмалку една плата во семејството за покривање на потрошувачката кошница и други трошоци на живот.

Реклама