Европските клиенти при носењето на одлука кој автомобил да го купат, честопати се водат од параметарот – губење (паѓање) на вредноста.
Вредноста на автомобилите е исклучително значајна, ако имате во план по неколку години да го продадете својот автомобил и да купите нов.
Во врска со тоа, неодамна е направено истражување од страна на француската платформа за продажба на половни автомобили Leboncoin, според која најспоро вредноста ја губат моделите на Романскиот производител Dacia – конкретно автомобилите Sandero, во бензинска и дизел варијанта, а на третото место нивниот брат – Dacia Logan.
На листата, одлично котираат и Volkswagen Polo,. Suzuki Swift, Toyota Yaris и Renault Clio.
Eве ја комплетната листа, со процентот на губење на вредноста,. во која е направена споредба на просечната цена на половните возила со просечната цена на нови возила од 2020 година.
- Dacia Sandero (бензин) 14%
- Dacia Sandero (дизел) 23%
- Dacia Logan (бензин) 25%
- Volkswagen Polo (бензин) 27%
- Suzuki Swift (бензин) 30%
- Toyota Yaris (бензин) 30%
- Renault Clio (бензин) 33%
- Volkswagen Polo (дизел) 33%
- Mitsubishi Space Star (бензин) 35%
- Nissan Micra (бензин) 36%







