Маслото во менувачот е важен дел од програмата за одржување на вашето возило, а кога ќе се појават првите проблеми со менувањето – побрзајте на механичар.
Секое возило во својата програма за редовно одржување, опфаќа и промена на маслото за менувач. Интервалите за промена во автоматските менувачи се движат обично од 90.000 до 120.000 км, зависно од степенот на оптоварување на возилото, а слично е и со рачните менувачи кај кои промената се препорачува на околу 120.000 до 150.000 км или на 6 до 8 години.
Маслото во менувачот ги подмачкува сите движечки делови, ги лади компонентите и го намалува триењето, а со тоа и трошењето (абење) на менувачот. Дополнително, маслото спречува и појава на корозија во менувачот.
Со текот на времето, маслото ги губи своите својства, а дополнително и се контаминира со честици кои настануваат како резултат на менувањето брзини. Во почетокот, маслото ги спроведува овие честици кон филтерот за масло во менувачот, но подоцна ги губи овие својства на прочистување и останува загадено.
Ако приметите проблеми при менување на брзината и тешко префрлање од прва во втора брзина, ова е најчесто показател дека маслото треба да се смени.
Кај рачните менувачи, ако произвдителот не предвидува поинаку, промената се прави на околу 150.000 км.
Кај автоматските менувачи промената на маслото е покомплицирано,се врши со посебни машини, кои покрај промена прават и чистење на менувачот. Затоа, кај овие случаи се препорачува посета на механичар.







