Koenigsegg го сруши рекордот на Римац

147
Фото - Koenigsegg

Шведскиот производител на суперавтомобили, Koenigsegg, за кратко време успеа да го сруши рекордот на Nevera и да се врати на тронот.

Рекордот се однесува на брзината на забрзување од 0-400-0 km/h, која досега во електричниот автомобил на Мате Римац, Nevera изнесуваше 25.79 секунди.

Со само неколку измени на софтверот, овој параметар Koenigsegg го подобри на 25.21 секунди.

Она што е интересно е што автомобилот Koenigsegg Jesko Absolut, го движи мотор со внатрешно согорување и погон на задните тркала, што овој резултат го прави уште поспектакуларен, ако се земе предвид фактот дека конкурентите се со електричен мотор и погон на сите тркала.

Промената на софтверот кај автомобилот Jesko Absolut беше наречена Absolut Overdrive и ќе им биде достапна на сите кои ќе го купат овој модел, но и на оние кои веќе го имаат во својата колекција. Со промените е направено рекалибрирање на менувачот и оптимизација на моторот со нова контрола на вртежите.

Реклама