И VW го стопи профитот во 2025 година

84

Според информациите споделени од страна на реномираниот DW исто како и во Mercedes-Benz и повеќето европски производители на возила, 2025 година заврши со огромен пад на профитот.

Во Групацијата на Volkswagen профитот падна за 44 проценти – од 12,4 милијарди на 6,9 милијарди евра.

Од друга страна, приходите замрзнаа на 322 милијарди евра кои се направени од продажбата на 8,98 милиони автомобили во светски рамки, што претставува пад од 0,5% спроедено со 2024 година.

Според одговорните во VW, причина за овој сериозен пад на профитабилноста се крие во геополитичките превривања, царините во Соединетите Американски Држави и падот на продажбата во Кина.

Вистинска катастрофа во Porsche

Најизразен е падот во брендот Porsche, каде во 2025 година е остварен профит од 90 милиони евра, што претставува вистинска катастрофа ако се земе резултатот во 2024 кој изнесуваше 5,3 милијарди евра!

Според одговорните во Porsche, причината за овој резултат се должи на царините, падот на продажбата во Кина, и пред се’ на развојот на пазарот и побарувачката за електрични автомобили која оди со многу поспора динамика од предвиденото. А за последното, веројатно причината е очигледна. Додека во Porsche сите жетони беа ставени на електрифицираните автомобили, луѓето очигледно сеуште ги сакаат автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

Реклама