Холандски едносед YKS1 One

178

Холанѓаните подготвија еден, засега само концепт, едносед на струја кој може да развие брзина до 130 km/h.

Концептниот модел го носи името YKS1 One, долг е околу 3 метри, широк 1,20 метри и тежи околу 600 килограми.

Иако моделот е предвиден за само еден возач (патник), возилото има две врати што овозможува влез и излез од двете страни.

Она што го прави интересен е дека патничката кабина, до 20 степени се поместува при влегување во свиоци, што на возењето со One ќе му даде возбудливо чувство, како да се возите на моторцикл.

Автономијата на возилото се очекува да биде околу 350 километри, со полна батерија.

Она што следува во врска со овој концепт, според YKS1 е да се побуди интересот на јавноста, а со тоа и да се привлече капитал неопходен за сериско производство.

Реклама