Автомобилот на култниот и ултра популарен рапер 2Pac, кој во пикот на својата слава, во гангстерска пресметка, беше застрелан во Лас Вегас во 1996 година, оди на аукција.

Се работи за моќниот Hummer H1, кој од воено беше трансформиран во цивилно возило и одлично одговараше на стилот на “лошото момче” oд Источен Харлем.
Хамерот на Тупак Шакур, произведен 1996 година, и купен од раперот само неколку недели пред неговото убиство, со само околу 16.000 изминати километри, оди на аукција во Скотсдејл, Аризона.

Моделот е опремен со слен 6,5 литарски дизел агрегат, моќност од 208 коњски сили и 597 Nm вртежен момент при 1.800 ротации на минута.
Овој Хамер, веќе еднаш беше понуден на аукција во 2016 година кога постигна цена од 340.000 долари, но победникот на аукцијата подоцна се откажа од купувањето, па се очекува дека и овој пат, таргетираната цена ќе се движи во оваа насока.







