Ferrari пушти тизер од својот прв електричен автомобил

72

Италијанскиот производител на суперспортски автомобили Ferrari наскоро ќе го лансира својот прв електричен автомобил, кој веќе го доби своето име Lucce (светлина).

На целиот проект се ангажирани стотина инжинерите од Маранело, заедно со членовите на тимот LoveFrom на чело со Џони Ајв, кој беше главен дизајнер на Apple и креатор на iPhone и iPad.

Инаку, од достапните информации, ќе се работи за кросовер cо целосно електричен погон и автономија од најмалку 500 километри, кој има доволно место за четири патници, но секако има агресивен спортски изглед, како што впрочем му прилега на еден Ferrari oд овој тип.

Засега, можевме да видиме фотографии само од внатрешноста, кои навистина делуваат моќно.

Повеќе детали за револуционерниот, eлектричен Ferrari Lucce можете да слушнете и видите и во нашата следна Епизода на Темпо Магазин, со премиера во Сабота.

Реклама