Италијанскиот супербренд Ferrari на јавноста и го претстави својот најнов кабриолет со мек покрив (soft top) – Аmalfi Spider, со што јасно им даде до знаење на своите фанови, дека иако го подготвува својот влез во електрифицираните возила со моделот Lucce, моторите со внатрешно согорување нема уште долго време да згаснат.

Amalfi Spider доаѓа на сцената како замена за пензионираниот модел Roma Spider, а осум месеци откако беше промовиран купе моделот Amalfi.
Всушност, Amalfi Spider ги носи речиси сите атрибути на купето, особено во поглед на надворешниот дизајн и новините во кабината, со тоа што, логично, на кабриолетот му е додаден мек покрив на кревање/склопување.

Самиот покрив може да се порача во четири бои, а на истиот му се потребни околу 13,5 секунди, при брзини до 60 km/h да се отвори.

Кабината е дизајнирана да прими 2+2 патници, а во ентериерот доминира редизајнираната централна конзола, 10.25 инчниот инфотејнмент систем спарен со 15.6 инчен дигитален инструмент кластер.
За тотално доживување во ентериерот е вграден и 8.8 инчен инфотејнмент екран за совозачот.

Со кренат кров, во багажникот може да се складираат до 255 литри багаж, капацитетот паѓа на 172 литри, кога ќе се склопи покривот.
Од 0 до 100 km/h Amalfi Spider забрзува за 3,3 секунди, а максималната брзина изнесува 320 km/h.
Aко сакате да го имате овој Италијански убавец, треба да издвоите околу 283.000 долари.







