Mинатата година, на Саемот за автомобили во Токио, Daihatsu го претстави своето електрично џуџенце под името Midget X concept, со што се прави обид да се оживее легендата.

Ова мало камионче, беше родено во 1957 година како пикапче на три тркала, со намера лесно и без мака да се протнува низ тесните Јапонски улици.
Се врати во 1996 година под името Midget II, а производството официјално запре во 2001 година.

Но очигледно, Daihatsu не сака да го остави во историјата ова мало џуџенце на тркала.
Новиот концептен Midget X се раѓа повторно како електрично LCV (лесно комерцијално возило), за кого во компанијата велат дека е како велосипед, плус нешто друго.

И дека одговара на секоја промена на животниот стил. Кога станувате родител, или почнувате нов бизнис, или едноставно сакате да се забавувате во градскиот метеж.
Дизајнот е токму таков. Забавем. Предното стакло прилега на она кај хеликоптерите, светлата се LED во кружна форма, тркалата се полуизложени, а во задниот дел е оставен дел за носење товар, што може да се трансформира и во мало легло за преноќиште.

И ентериерот е многу кул. Централно доминира седиштето за возачот, со волан во неконвенционален, правоаголен облик и форма, а зад него се поставени две седишта за деца.
Засега, ова е само концепт и ништо повеќе од тоа.

Но немаме ништо против да го видиме и на нашите улици.







