Драконски казни во ЕУ! Нема возење без DPF!

365

Eвропската Комисија превзема решителни чекори да ги отстрани од своите патишта сите возила на дизел гориво кои немаат вградено или им е изваден филтерот за дизел честички (DPF).

Основната задача на DPF, филтерот за дизел честички, кој најчесто е поставен во долниот дел од возилото, пред издувот, да ги запре сите отровни тврди честички кои се создаваат преку согорување на дизел горивото.

Во овој филтер, кој има структура како саќе од кошницата мед, се собираат сите тврди материи, кои по некое време, преку процес на автоматска регенерација (процес на силно загревање на дпф филтерот) ги согорува тврдите материи по што ги исфрла како темен чад од издувниот лонец.

Многумина го вадат DP Филтерот за да се спасат од трошокот

Овие филтри, особно во земји со полош квалитет на горивото и во услови на првенствено градско возење, знаат често да се затнат и да мора целосно да се заменуваат, што како трошок, може да чини и по неколку илјади евра. Затоа, особено во нашите земји, огромен е бројот на возила кои откако ќе се затне, целосно го вадат и фрлаат дпф филтерот, што е генерално, незаконска постапка.

Очигледно, од оваа постапка, не се имуни и европските земји, поради што, во ЕУ се воведуваат многу построги контроли на сите дизел возила постари од 10 години.

Кај истите, на технички преглед ќе се анализира – дали возилото има DPF, ако го има дали истиот е исправен или не.

Ако загадува, возилото не смее да се вози

Доколку се констатира дека системот не функционира како што треба, возилото ќе добие забрана за користење, и ќе оди во пресување.

Ако овој закон стапи на сила, можеме да очекуваме дека цените на овие возила, со изваден DPF ќе ја намалат цената и ќе пронајдат нови сопственици во источните земји.

Но, како логично се поставува прашањето, дека и кај нас, кои ревносно ги препишуваме законите од ЕУ, ќе дојде денот кога на техничките прегледи огромен број возила ќе добијат црвен картон.

Реклама