Романската компанија Дачиа, која ни ги донесе исклучително успешните модели Сандеро, Дастер и Бигстер, во својата есенска офанзива, го претстави и сосема новиот концептен модел, со интересно име Хипстер.
Се работи за исклучително мал, коцкаст автомобил кој треба да се натпреварува во класата на мали електрични автомобили, на европско и светско тло.

Дали е случајо, што само пред неколку недели, претсседателката на европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен изјави дека Унијата планира да и помогне на индустријата создавајќи и креирајќи специјални пакети за поддршка на сосема нова класа на мали е- автомобили во европа, кои ќе бидат достапни, ефтини, чисти…

Новиот мини концепт на дачиа е навистина минијатурен. Долг е само 3 метри, висок 1,53 метри, широк 1,55 метри и тежи само 800 килограми.
И покрај лилипутанските димезнии од дациа велат дека во автомобилот може да се соберат четри возрасни лица, и плус да се добие багажник од околу 70 литри.

Ако пак ги склопите задните две седиша добивате багажник од 500 литри.
Детали за батеријата нема, но логично, поради малата вкупна маса, сигурно се работи за мала батерија, која романците велат дека ќе нуди осема доволен ранг, за секојдневна употреба. И дека дополнително, ќе треба да се полни само два пати во неделата.

Во поглед на безбедноста, инжинерите од Дациа во предниот дел не штеделе многу, и за возачот и за совозачот поставиле две воздушни перничиња,
Овој спартанец навистина изгледа интересно. Тој е веројатно европска верзија на јапонската класа на мини автомобили која го носи името Кен и е многу популарна во Азија.
Останува да видиме, дали романските продукт менаџери ќе решат да го дведат овој автомобил од концт до сриско производство и, ако тоа се случи, какви се промени ќе бидат имплементирани во него.







