Во минатата, 2024 година, Романска Dacia забележа одлични продажни резултати. Продаде речиси 700.000 возила, од моделот Sandero се продадоа 309.392 автомобили, а вториот по продажи резултати беше малиот SUV – Duster сo 215.024 продадени единици.
Нема сомнеж дека Duster останува еден од најпродаваните SUV модели во Европа, а германскиот дилер Carpoint, се потруди овој повеќефункционален автомобил да го направи уште поатрактивен.

Спортскиот и робусен Duster беше претставен во неговата Redust Sport едиција.
Надворешен дизајн
Новиот body kit делува агресивно, спортски, а на предната хауба е поставен и усис на воздух. Поставени се подебели калници и подлабоки прагови.

Возилото е спуштено, а има и 20 инчни алу фелни во црна боја.
Дополнително привлекува портокаловата боја комбинирана со црни детали.

На задниот дел е поставен заден спортски спојлер, а извадени се кровните носачи за да се добие уште поагресивен изглед.
За спортски шмек поставен е и двоен спортски издув на гасови.
Ентериер
Во внатрешноста, агресивните кожни седишта имаат перници аз седење во портокалова боја, а портокалови елементи се протегаат и на инструмент таблата, централната конзола, вратите…

Перформанси
Козметичките прилагодувања на Dacia Duster не се проследени и со промени во перформансите, бидејќи и овој автомобил го користи стандардниот мотор со моќност од 140 кс (103 kW).
Цена
Ако сакате да го имате овој атрактивен SUV треба да издвоите 42.490 евра за верзијата на лесен (mild) хибрид, додека класичниот хибрид може да достигне цена до 52.990 евра.







