Да не заборавивте? Без зимски гуми и ланци ви се заканува казна

154

Мало потсетување за сите возачи во Македонија…. Од 15 ноември па се до 15 март следната година, согласно законската регулатива имате обврска на вашето возило да поставите или со себе да носите зимска опрема.

Што вели законот во врска со зимската опрема :

  • За возила до 3.500 кг: потребни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, или летни гуми со истата длабочина, со задолжително носење синџири за снег.
  • Возила со погон на сите тркала (4х4): зимски гуми со длабочина од најмалку 6 мм, или летни гуми со минимум 4 мм длабочина и синџири за снег.
  • Возила над 3.500 кг: зимски гуми со длабочина од 6 мм на погонските тркала, или летни гуми со минимум 4 мм, со задолжителни синџири за снег.

Покрај ова, автобусите и товарните возила мора да носат прирачен алат како лопата, ако не можат да користат синџири за снег.

Ако не ги почитувате овие правила, полициските службеници имаат право да ви изречат казни, кои за стандардните автомобили изнесуваат 45 евра.

Реклама