Германскиот бренд AUDI ги предупредува своите клиенти, да бидат особено внимателни, кога купуваат користени автомобили преку интернет.
Според известувањето, во Германија, Австрија и Швајцарија забележани се повеќе “фејк” веб страници, на кои се нудат користени AUDI автомобили по нелогично ниски цени. Според известувањето, се работи за веб страници со лажни профили, лажни контакти и лажни сметки на кои се нудат автомобили кои не постојат.
Дополнително, се наведува и дека во објавените фотографии, неретко се сретнуваат, поточно злоупотребуваат фотографии со имиња на официјални дилери на Аudi, кои воопшто не се замешани во овие измами, па затоа, Audi ги поттикнува сите кои може да сретнат вакви ситуации, веднаш да ги пријават на локалните власти.







