Од утре, официјално започнува да функционира проектот Безбеден Град!
Тоа значи дека во пилот градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10, камерите започнуваат официјално да ги регистрираат и сликаат прекршоците во сообраќајот и соодветно да им праќаат казни на прекршителите.
Во почетокот ќе се казнуваат – надминување на дозволената брзина, поминување на црвено светло, непрописно запирање и паркирање, возење на нерегистрирано возило, а подоцна, оваа листа ќе се прошири и на други прекршоци.
Нема повеќе предупредувања, за секој регистриран прекршок, добивате порака на телефонот и на вашата е-mail адреса, заедно со податоци за казната што треба да ја платите.
Според одговорните во МВР, системот е тестиран и проверен, а истиот ќе биде неселективен и безмилосен за сите…
Дали е навистина така, и каква ќе биде жестината на реакцијата на граѓаните откако на своја кожа ќе го почувствуваат финансискиот товар, како и опасноста за губење на возачката дозвола, останува да видиме и да се увериме сами.
Нема никаков сомнеж дека новиот систем, кој во суштина има добра намера, да ги заштити граѓаните и намали бројните сообраќајни незгоди, ќе отвори стотици прашања.
Ќе се постават прашања за стандардот и финансиската состојба на граѓаните… Ќе се постави прашањето дали е вистинит податокот дека околу 50.000 возила се возат нерегистрирани и дали причините за тоа се несовесноста на возачите или немаштијата?
Ќе се дебатира за подготвеноста на системот да понуди алтернативи за една ваква сеопфатна акција – дали општините нудат алтернативен и јавен транспорт кој може да ги апсорбира потребите, дали се обезбедени паркинг места за да не се паркираат граѓаните на улица…
Како и да е… Системот почнува да функционира.
Ценовникот на казни, кој веројатно сериозно ќе го почувствуваат сите граѓани е следниот :








