Нов погон за Dacia Duster

83

Романската компанија Dacia, објави дека започнува една сериозна производна офанзива, во која за своите автомобили прави сериозни освежувања, редизајни и внесува нова опрема и технологија.

Во оваа агресивна стратегија Dacia го опфати и омилениот мал SUV на европскиот пазар, Duster, на кого му го додаде новиот хибриден погон hybrid-G 150 4×4, кој ќе биде достапен и кај Bigster.

Новиот мотор ги комбинира хибридната технологија, LPG flex-fuel системот и погонот на сите тркала, што претставува и прва комбинација од овој тип во светски рамки.

Новиот погон ги комбинира 1,2 литарскиот благ хибриден мотор со 48 V и моќност од 103 kW (140 кс) во предниот дел со електричен мотор во задниот кој испорачува 23 kW (31 кс).

Максималната моќност на овој погон изнесува 113 kW (154 кс), со вртежен момент од 230 Nm за моторот со внатрешно согорување и до 87 Nm за електричниот мотор сместен на задната оска.

Моторот со внатрешно согорување е спарен со автоматски менувач со двојна спојка со 6 брзини, со педали за менување брзини и на воланот, а електричниот мотор е поврза со двобрзински менувач и задна оска која може да се исклучи.

Главната предност на дво брзинскиот менувач спарен со електричниот мотор на задната оска е што овозможува висок вртежен момент за тркалата при ниски брзини во прва брзина, и да го успори електричниот мотор при високи бrзини задржувајќи силна тракција на задниот дел до 140 km/h.

Кога овој менувач е во неутрален мод, се елиминира загубата на фрикција на патот што пак обезбедува помала потрошувачка на гориво кога возилото е во погон на две тркала – 2WD.

Педалите на воланот за менувачот со двојна спојка се особено згодни во ситуации на off-road возење, влечење, возење по планини и други специфични ситуации.

Електричниот мотор кој е поврзан со задните тркала ја полни литиум јонската батерија додека се вози, а возилото многу честосе управува само на струја.

Информациите од Dacia, велат дека моделите Duster и Bigster со овој нов погон, кога се движат во урбани средини , може до високи 60% од своето време да го минуваат само на струја.

Возилото има два резервоари со капацитет по 50 литри (50 за бензин и 50 за течен нафтен гас) со кои може да се поминат до 1,500 km без дополнување.

Oвој Duster, а таква е ситуацијата и со Bigster, може да се вози во шест модови :

  • Auto, кога возилото автоматски го менува погонот од 4×2 на 4×4 и обратно;
  • Eco за максимални заштеди, кој менува на погон на сите тркала на површини со мал грип (прилепување);
  • Snow, за побезбедно возење во 4×4 мод на патишта со мало прилепување ;
  • Mud / Sand 4×4 мод, оптимизиран за возење на растресити површини (кал и песок);
  • Lock за off-road возење по лош терен при ниски брзини;
  • Hill Descent Control  за контрола на управувањето и стабилизирање на брзината кога се вози по удолнина при брзини меѓу 3 и 30 km/h.
Реклама