Зошто Rammstein (не) може да има концерт во Скопје?

75

На Бобан од Авалон Продукција, му пукна филмот и во отворено писмо до естаблишментот во Македонија ги повика одговорните да размислат на темата – зошто не може во нашата земја да се организира концерт на Rammstein или други суперѕвезди кои Агенцијата ги букира за соседните земји.

Зошто Rammstein (не) може да има концерт во Скопје?

1. Затоа што ниту една власт досега не сфатила дека најбрзорастечки туризам во светот е концертниот… И не барале од нас да помогнеме, како бренд кој во Белград ги работел Amy Winehouse, Iron Maiden, Green Day… итн околу тој сегмент. Да речеме, 2023 е прва година во која после 20 години немаше ниту еден светски концерт во Македонија и ние, иако на ,,чекор од ЕУ”, останавме во шок како тоа ниту една институција не го нотира тој факт, ниту не’ праша зошто е тоа така.

2. Затоа што за да се довезат до стадион 92 шлепери и да се паркираат околу стадионот треба цела недела да функционираат одредени делови на Скопје како за самитот на ОБСЕ… што е голем проблем за досегашните власти бидејќи во тој случај ѕвезди ќе бидат Rammstein, Robbie Williams, итн… а, не тие.

3. Затоа што за естаблишментот во Македонија концертите се сè уште играње и пеење додека тие имаат попаметна работа – да градат држава.

4. Затоа што голем дел од публиката со задоволство плаќа скапи карти надвор… а, мрчи и бара гратиси за смешни цени на карти за сериозни артисти во Македонија.

5. Затоа што е невидено тешко, без помошта на одредени градски структури огромен светски артист каков што е Lenny Kravitz да свири во Охрид, а тек па Grace Jones на Стадион на АРМ во Скопје, а јас сум онака доста “арогантен” за да после се’ бидам Дон Кихот. Нема потреба од тоа, а волја пак воопшто.

Поради се’ ова, јас онака, од инает ветувам голем стадионски концерт во 2025/2026 во Скопје, со 99% сигурност.

А, ветувам со 200% сигурност дека доколку тоа не се случи, ќе кажам – зошто не се случило.

Се гледаме на Grace, Lenny, Calling…

Впрочем, ние сме 20 години во ЕУ со тоа што го работиме, ја носиме ЕУ во Македонија, и никој однадвор не не’ блокира. Време е тоа некој овде да го препознае, признае… па здравје, да тргнеме заедно напред.

Бобан Милошески

Реклама