Сопствениците ги продаваат електричните автомобили во Калифорнија

86

Последните статистички податоци од Калифорнија, покажуваат дека 20% од сопствениците на електрични автомобили, по определено време го продале својот автомобил и се вратиле на автомобил на бензин.

Зошто е тоа така?

Веројатно претпоставувате. Поради комплицираниот начин да ја наполните батеријата и многу помалиот ранг на километри кои можете да ги поминете со вашето возило.

Од друга страна, вашиот спортски и мускулест автомобил или SUV, можете да го наполните со гориво за неколку минути, на било која бензинска пумпа во околината, додека мрежата на полначи дури и во Америка не е на ниво да овозможи комфорно користење на возилата на електричен погон.

Сопственците се жалат дека електричните возила, кои стоеле 1 час на полнач, може да поминат одвај пеесетина километри (кај некои возила и многу помалку).

Обичниот полнач на струја кој го имаат повеќе домови испорачува околу 120 V електрична енергија. Со специјални адаптери протокот на струја може да се зголеми на 240 V, а супер полначот на Tesla вбризгува во батериите струја од 480 V.

Студиите покажуваат дека 70% од оние кои го продале својот електричен автомобил и се префрлиле на автомобил на гориво, имале стандарден обичен полнач (120 V), со кого е практично невозможно да имате наполнет автомобил со полн капацитет на изминати километри.