Зошто филтер за кабина, со активен карбон?

53

Филтерот за кабина (уште го нарекуваат и филтер за полен или филтер за клима) е исклучително значајна компонента од сервисниот сет кој треба да се менува при редовен сервис.

Кабинскиот филтер спречува во внатешноста на возилото (кабината) преку вентилациските и клима протоци, да навлезат прашина, поленски честици и други загадувачи кои може сериозно да го загрозат здравјето на патниците.

Со тек на време во кабината се создаваат и намножуваат и микроорганизми и бактерии (во кабината на автомобилот 5 до 8 пати побрзо се множат бактериите) кои понатаму предизвикуваат солзење на очите, главоболка, алергиски реакции кај патниците…

Дополнително, затнатиот кабински филтер предизвикува и послаб проток на воздух во кабината, што пак директно влијае на поспоро одмрзнување на ветробранското стакло, замаглување на прозорците, побрза замореност на патниците…

Добрите филтри за кабина ги сопираат и најмалите поленски честици и спречуваат истите да навлезат во белите дробови и да предизвикаат кашлица, па и астма.

Понатаму, карбонските кабински филтри, комплетно ги спречуваат и најмалите честички да навлезат во кабината, а го спречуваат и внесот на непријатни миризби.

Карбонските филтри обично се направени од три слоја. Едниот од нив е направен од активен карбон кој е ставен во сендвич помеѓу два слоја на непреплетени филтри, а со тоа се остварува комплетна заштита на кабината од честици, штетни гасови како смог и озон, но и од непријатна миризба.

Ако се земе предвид дека денес возиме во преполни улици, а воздухот е исклучително загаден, јасно е дека заштитата која ја нуди поленскиот и филтерот со активен карбон (јаглерод) е исклучително значаен за да се заштитиме ние и нашите патници од бактерии, микроорганизми, штетни гасови и честички…