Жените ги плаќаат сервисните услуги поскапо од мажите

73
Фото - Freepik

Според последната студија на Journal Marketing Research, жените во САД најчесто ги плаќаат сервисните услуги на механичарските работилници, поскапо од мажите.

Како што се наведува во студијата, главна причина за овој тренд е што жените недоволно ги познаваат цените на пазарот, па најчесто ја прифаќаат првата цена која механичарите ќе им ја испорачаат.

Но, студијата уште го нотира и тоа дека жените, ако тоа го побараат од своите механичари , најчесто, добиваат поголеми попусти од мажите.