Најпознатиот светски бренд за долна облека Victoria’s Secret, кој својата планетарна слава ја доби во деведесеттите години од минатиот век, преку ултра популарните модни шоуа, згаснува.
Не постои човек на планетава кој не знае за Ангелите на Викторија, најубавите жени на планетата (Адриана Лима, Каролина Куркова, Хајди Клум, Жизел Блудхен, Алесандра Амбросио, Тајра Бенкс…) кои оскудно облечени, во секси долна облека и ангелски крила како декор, дефилираа на годишната модна ревија во Америка.

Модните ревии беа луксузни, елитни, скапо платени и продуцирани, што на брендот му донесоа огромна популарност, многу продавници во светот и огромни порачки преку интернет.
Приказната за VS се смени во 2016 година. Тогаш се повлече од компанијата генералниот директор Шерен Турни, по што продажбите почнаа да паѓаат, а компанијата да оди во црвена зона.
Клиентките се жалеа дека по повлекувањето на Шерен, паднал квалитетот на долната облека, други сметаат дека жените започнале повеќе да се ориентираат кон поудобни варијанти, особено во екот на пандемијата, а веројатно има вистина и во тоа дека намалената продажба се должи и на сексизмот кој ги продаваше малите парчиња долна облека.

Негативниот тренд кулминираше во 2020 година, кога компанијата објави дека продава 55% од своите акции, на приватен фонд кој ветува враќање на славата на брендот.
Но подоцна, во 2020 година, Sycamore Partners кои требаше да го откупат мнозинскиот пакет во Victoria’s Secret преку судска тужба најавија борба и повлекување од зделката.
Откако стана извесно дека зделката нема да пројде, најновите информации од централата најавуваат дека компанијата најверојатно ќе се подели во две компании преку спин оф, кои повторно ќе бидат дадени на продажба.
Aко навистина згасне овој легендарен бренд, најтешко, секако ќе им биде на мажите.
Во меѓувреме, да не се заборави… го објавуваме и целото шоу од 2018 година…