Зелената енергија доминира во Германија

14
Фото - Freepik

Неверојатни три петини, од вкупно произведената енергија во Германија во првиот квартал од 2024 година дошла од “зелени”, обновливи извори.

Конкретно 58,4 проценти од 121,5 милијарди киловатчасови струја биле произведени од обновливи извори, како што објави федералниот завод за статистика, што претставува рекорд во досегашната историја на земјата.

Најголемиот дел, 38,5% од електричната енергија дошле од ветерниците.

Реклама