Успешната примена на креативните идеи во организацијата се нарекува организациона иновација.
Иновациите ги движат успешните компании. Некогаш внесуваат вистинска револуција во водењето на бизнис. Ги олеснуваат или подобруваат процесите на работа, а со тоа ја зголемуваат и конкурентската предност на компаниите.
Кога ќе успеете да креирате и поставите организациона иновација, исклучително битно е истата да ја заштитите, во спротивно можете да очекувате дека вашите конкуренти ќе ја откријат и ископираат (украдат) во својата работа.
Заштитата на креативните идеи и иновации се прави преку патентирање.
Исто како што книгите и статиите се заштитени со авторски права, деловните процеси може и треба да се заштитат со патенти.
Патентите на нивните креатори им даваат ексклузивни права на одредени продукти или процеси во долг временски период. А тоа, му дава можност на авторот да заработи убаво на својата иновација.
Со заштитување на иновациите, авторот на патентот има ексклузивно право, самостојно да носи одлука дали некому ќе му дозволи да ја користи неговата иновација.
Еве неколку светски познати патенти :
- Сијалица. Ова е еден од најпознатите патенти во човечката историја. Одобрен на Томас Алва Едисон уште во 1878 година.
- Телефон. Доделен на Александар Грахам Бел во 1876 година.
- Компјутер. Еден од комерцијално најуспешните компјутери Apple II бил патентиран од Apple Computers Inc во 1977 година.
- Мотор со внатрешно согорување. Првиот мотор со внатрешно согорување бил патентиран во 1823 година од страна на Самуел Браун.