Германскиот производител на моторни масла, адитиви и сервисни препарати LIQUI MOLY доби нов увозник и дистрибутер во Македонија.
Новиот дистрибутер го носи истото име – LIQUI MOLY Maкедонија, лоциран е во главниот град Скопје, и веќе започна со активна работа.

Првата пратка на моторни масла и адитиви неодамна пристигна во Скопје.
Ликви Моли Македонија, веќе ги потпиша првите договори со новите дилери во земјата, а дел од нив веќе ги добија и првите порачани количини во своите продавници и сервиси.

Повеќе информации за Ликви Моли Македонија, можете да добиете на официјалната веб страна на следниот линк.