01/12/2022
spot_img
домаАвто ВестиЗапочна Саемот за автомобили во Париз

Започна Саемот за автомобили во Париз

Пандемијата уништи многу работи во модерниот свет.

Како големи автомобилски фанови, силно не погоди згаснувањето на спектакуларните манифестации како што беа Саемот во Франкфурт, Женева, Париз..

Четири години подоцна (последната манифестација во Париз се одржа 2018 година), повторно дојде време за малку адреналинска возбуда…

Иако некомплетна (бидејќи најголемите играчи на автомобилскиот свет не се присутни во Париз, веројатно посветени во овие тешки времиња на штедење) саемската презентација сепак предизвикува големо внимание во јавноста, особено онаа која ги следи автомобилските случувања.

Својот придонес за дополнителна актуелизација на Саемот, го даде и Францускиот претседател Макрон кој присуствуваше на свеченото отворање.

Најприсутни на Саемот, кој го носи името – Mondial de L‘Automobile, секако се домашните, Француски производители, поради што манифестацијата доби некако, локален карактер, а веќе беа лансирани и неколку концептни, но и многу значајни модели од сериското производство на Renault, Peugeot, Citroen…

А неприсуството на Германските производители, во Париз го искористија Great Wall motors, BYD а меѓу споредните играчи на автомобилскиот пазар во Европа, се појави и виетнамскиот – VinFast.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...