За луксузните автомобили нема пандемија

39
Бум во продажбата на луксузни возила. Фото - Freepik

И покрај пандемијата која предизвика сериозни економски проблеми, но и непредвидливите застои во производството и временото затварање на фабриките , статистичките податоци велат дека за повеќето луксузни автомобили минатата 2020 година била рекордна.

Бумот во продажбата на скапи автомобили е особено изразен во САД, каде богатите миленијалци, особено купувале автомобили над 80.000 долари во последниот квартал од минатата година.

Со рекорди се пофалија – Bentley (11.206 возила), Lamborghini (7.430). Ferrari забележал благ пад на продажбата во 2020 година, но во последниот квартал од годината пријави рекордна продажба и рекорден број на порачки.

Експертите сметаат дека главната причина за купувачкото стампедо на скапи автомобили се должи на нервозата на богатите луѓе, кои сакаат на нешто да ги потрошат своите пари – кога тоа веќе не можат да го направат на скапи патувања.