01/10/2022
spot_img
домаСервисиОписЗа кого е наменета страната "Авто Експерти"

За кого е наменета страната “Авто Експерти”

Нашата веб страна www.tempo.mk ја креиравме за ентузијастите и љубителите на авто индустријата, а оваа страна “Авто Експерти” ја креиравме за вистинските експерти.

Луѓето кои секојдневно се занимаваат со одржување и сервисирање на милениците на четири тркала.

На оваа специјализирана страница – “Авто Експерти”, нашите сервисери, механичари и електричари ќе може да ги следат најновите вести, информации, промоции и податоци поврзани со сервисната индустрија.

Што е ново кај производителите на возила, опрема, специјални инструменти и алатки. Кои се најновите трендови во водењето на сервисна работилница.

Како сопствениците и менаџери на сервисни работилници (и гаражи) кај нас, во Европа и светот го организираат својот сервис, управуваат процесите, менаџираат со луѓето и ресурсите, комуницираат со клиентите…

На овие страници ќе ви ги претставуваме и најистакнатите работилници, сервиси и сервисери во нашата земја. Ќе правиме анкети, но и ќе ги наградуваме најистакнатите професионалци во дејноста.

Овде ќе може да се најдат и корисни видео материјали, обуки и вебинари.

Заедно со нашите партнери – добавувачи на опрема, хардвер и софтвер, резервни делови, гуми… ќе ги информираме нашите сервисери за најновите промоции и акции во дејноста….

Се надеваме дека ќе одговориме на потребите и жедта на нашите професионалци за материјали од овој тип.

Уживајте…

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...