Според последната анализа на Forbes, во 2027 година електричните автомобили на автомобилските производители ќе им станат поефтина варијанта за производство од автомобилите со внатрешно согорување.
Главната причина за тоа ќе биде падот на цената на батериите.
Цената на батериите во изминатиот перид е веќе намалена за 88%, а во следните 10 години се очекува нов пад од 58%.
На тој начин ќе се намали и цената на производство (во која батериите учествуваат со 1/4 до 2/5 од вкупната вредност).
Ако сега просечната цена на еден електричен автомобил од средната класа пред данок изнесува 33.000 евра, а цената на дизел автомобил е околу 18.600 евра, во 2026 година се очекува двете цени да се спојат на околу 19.000 евра.
Во 2030 година се очекува цената на еден електричен автомобил да се намали на 16.300 евра пред данок, а на дизелскиот еквивалент да оди на 19.900 евра.
Овој прогрес веројатно ќе биде и побрз во Европа, поради строгите наметнати критериуми за издувната емисија во Унијата, според кои за секое надминување на поставениот праг на загадување (земено како просечен податок од сите продадени возила) ќе се плаќаат високи казни и давачки.
Веројатно возилата со моторно согорување и понатаму ќе се тркалаат по автопатите и во развиените земји, но повеќе во земјите во развој, но трендовите според сегашната ситуација и предвидување се тие.