Врсти (нивоа) на менаџери

55
Фото - Freepik

Во современите корпорации, обично се препознаваат 4 видови на менаџери.

  • Топ менаџери
  • Менаџери од средно ниво
  • Менаџери од прва линија
  • Лидери на тимови

Во групата на Топ Менаџери се вбројуваат луѓето кои се одговорни да го постават и движат основниот стратешки правец на организацијата. Тие ја дефинираат визијата и мисијата на компанијата, создаваат позитивна организациска структура, ги мотивираат и инспирираат вработените да ги следат правилата и целите на стратешко ниво, се грижат вработените да се движат во линија со главните цели. За врвни (Топ) менаџери се сметаат луѓето со следната титула :

  • CEO (Chief Executive Officer) – генерален директор,
  • COO (Chief Operating Officer) – оперативен директор,
  • CFO (Chief Financial Officer) – финансов директор,
  • CIO (Chief Information Officer) – директор на информатичкиот сектор,

Во групата Менаџери од средно ниво, влегуваат :

  • Менаџер на фабрика,
  • Mенаџер на продажба,
  • Регионален менаџер,
  • Менаџер на дивизија

Нивната задача е да ги поставуваат и следат целите кои се во линија со основните стратешки цели поставени од страна на врвниот менаџмент. Тие ги прават и стратегиите за функционирање на секторите и одделенијата, ги распределуваат ресурсите, се гриѓат за ефикасно остварување на работните процеси. По хиерархиски правила, овие менаџери ги управуваат работата и контролираат перформансите на менаџерите од прва линија.

Менаџерите од прва линија се :

  • Менаџер на канцеларија
  • Супервизор на смена
  • Менаџер на одделение

Нивната задача е да управуваат со вработените од најниското хиерархиско ниво. Во оваа група влегуваат менаџерите кои не надгледуваат (не вршат контрола и супервизија) на други менаџери. Менаџерите од прва линија ги бираат, стимулираат и тренираат работниците да ги извршуваат своите основни операции поврзани со производниот процес или со услугата која компанијата ја пласира на пазарот.

Лидери на тимови, се последниот, четврти вид на менаџери. Се работи за релативно нов вид на менаџери кои настануваат паралелно со формирањето на самоуправните тимови о компанијата, кои по дефиниција на нештата немаат непосреден супервизор (надреден). Основната задача на лидерите на тимовите е да ја помогне и поттикне работата на тимот кон определена однапред дефинирана цел.

Притоа, лидерот на тимот не е одговорен за остварените резултати, за тоа е одговорен целио тим.