Jetpack Aviation е компанија лоцирана во Калифорнија која прва објави дека завршила успешно тестирање на прототипот – летечки моторцикл.
Летечките мотори, кои одамна можевме да ги видиме во научно фантастичните блокбастери, ќе може да полетуваат и слетуваат вертикално, речиси на и од било каква површина.
Ќе имаат можност да се постават во режим на автономно возење.
Првата ултра лесна верзија, за која нема да биде потребна пилотска дозвола, со што допонително би се забрзала комерцијализацијата на проектот, се очекува да се подготви за две години.
Експерименталната верзија на моторот ќе се движи со брзина 250 милји на час, а ќе има автономија на возење од околу 35 минути.
Цената на овој летечки мотор, во моментов е позиционирана на $381,000, а од компанијата велат дека веќе започнале да ги примаат првите порачки.