Volvo се прости од дизел моторите

42

Шведскиот производител Volvo, со последниот произведен модел – XC90 придвижуван од дизел агрегат, на 26 март 2024 година, официјално се прости од дизел моторите.

Од 1991 година досега, во Volvo беа произведени околу 9 милиони автомобили со дизел мотор, а во еден период од сопствениот развој, дизелите достигнаа и до 50% од вкупната продажба на брендот.

Согласно навата стратегија, со последниот XC90 кој излезе од фабриката во Торсланда, Шведскиот производител официјално ја напушта технологијата на дизел агрегати. Последниот дизел автомобил, заминува во Гетеборг каде ќе биде прикажан како музејски модел во “Светот на Volvo”.

Дополнително, планот на фабриката е уште порадикален – до 2030, во палетата на Volvo да се најдат само комплетно електрични автомобили.

Реклама