Snam (компанија за енергетска инфраструктура), Toyota и CaetanoBus, три големи играчи на пазарот на автобуси, потпишаа меморандум за соработка со цел – да се забрза развојот на хидроген базирана мобилност.
Во фокус на меморандумот е развој на возила со водородна технологија во Италија но и другите Еврпски земји од кои ќе почувствуваат бенефит јавните администрации, општини, бизниси и приватни компании.
Според генералниот директор на Toyota Motor Italia, водородот ќе ја одигра виталната улога во декарбонизација на нашето општество. Но за тоа да се случи, клучна е адекватната инфраструктура за надополнување на водородот, па затоа, производителите на возила мора да соработуваат во синергија со компаниите кои ја создаваат и одржуваат инфраструктурата за полнење. А токму овој меморандум за соработка се движи во тој правец.
Се огласи и директорката на CaetanoBus, Патрисиа Васкончелос, која изјави дека – Соработките од овој тип во кој се соединуваат различни компании, со различни проекти но иста визија – се клучни за декарбонизација на светот.
CaetanoBus е производител на автобуси од 1946 година, која последните 10-на години фокусот го насочи на електричните автобуси, а сега има намера да ги искористи позитивните искуства на Toyota во сферата на хидрогенската технологија.