Во овој затвор би сакале да преспиете

37

Пет години и 71 милиони долари, биле вложени во трансформација на овој стар затвор во Британија од 18-от век.

Денес Затворот Бодмин (Bodmin Jail) е луксузен хотел со четири спрата и 70 соби, во кој со задоволство би сакале да преспиете.

Зградата престанала да функционира како затвор во 1920 година, била подготвена и за рушење со динамит, но динамитот го урнал кровот, но не успеал да ги бутне и силните ѕидови на затворот.

Десетици години подоцна, голем број на архитекти и дизајнери на ентериер биле задолжени за целосен мејк овер на затворот во хотел, кој веќе претставува интересна туристичка атракција за туристите кои престојуваат во Англија.

Во работата изведувачите се соочиле со многу проблеми. Ѕидовите на собите биле дебели околу 40 сантиметри, исполнети со рушевини, па кога ќе копнете на едно место – земјата и отпадот паѓаат на другото.

Дополнително, во зградата се населиле и лилјаци, поради што во одредени месеци од годината, работниците не смееле да работат, поради законите за заштита на животните, според кои во месеците на парење, не смеат да се чепкаат лилјаците.