Во ноември се очекуваат новите Porsche 911 GTS модели

46

Две и пол години по лансирањето на моделот 992, моделската серија 911 ги добива новите спортски GTS модели.

Љубителите на Porsche, знаат дека кратенката GTS, доаѓа од трите збора – Gran Turismo Sport, синоним за спортски емоции и возење. Поради огромната популарност на овие верзии, речиси сите модели на Porsche, сега имаат и GTS верзија.

Новиoт Porsche 911 GTS, можете да го изберете во пет варијанти :

  • 911 Carrera GTS со погон на задните тркала, како Coupé и Cabriolet
  • 911 Carrera 4 GTS со погон на сите тркала, како Coupé и Cabriolet, и
  • 911 Targa 4 GTS со погон на сите тркала.

Посилни мотори.

Новиот трилитарски мотор на моделите GTS е со шест цилиндри и испорачува 353 kW (480 кс) што е за 22 kW (30 кс) повеќе од актуелниот 911 Carrera S. Вртежниот момент притоа е 570 Nm, зголемување за 20 Nm.

Шасија со елементи превземени од 911 Turbo

Шасијата на новите GTS модели е превземена и развиена од 911 Turbo, која благодарение на Porsche Active Suspension Management (PASM) моментно се прилагодува на условите на патот и на возењето.

Намалена тежина

За прв пат во моделите 911 GTS Coupé, се користи пакетот со мала тежина (lightweight package) што на суперспортскиот автомобил му намалува 25 килограми од сопствената маса. Направени се и други оптимизации како што се управувањето преку задната оска, што е стандард кога ќе се избере овој пакет.

Како стандардни се издвојуваат и Black Race-Tex и Sports Seats Plus (спортски седишта)

Седењето е спортско и луксузно, централните делови на седиштата се изработени од микрофиберски влакна. Воланот е GT Sport, a покрај другото, во тркалата се сместени и сензори за мерење температура на пневматиците.

Многу безбедносни системи

Новите 911 GTS модели доаѓаат со многу елементи на активната и пасивна безбедност. Вграден е посебен систем со камера кој предупредува и асистира во сопирањето, со што се очекува намалување на опасноста од судири или повреда на пешаци и велосипедисти.

Adaptive Cruise Control системот нуди опција за поставување на безбедно растојание од автомобилите пред вас. А со Remote ParkAssist системот, вашето Porsche можете да го извадите од паркинг местото автоматски, со мобилен телефон, без притоа да мора во него да има и возач.

Ако сакате да го видите и слушнете новиот GTS во движење, погледнете го видеото на врвот од овој пост.