Внимавај дупка! Mercedes возилата ќе се предупредуваат меѓусебе

36
Фото - Mercedes Benz

Во последното медиумско известување, од Mercedes информираат дека новите C-Class, S-Class и EQS меѓусебно ќе се информираат за евентуални дупки и посериозни нерамнини на патот.

Ако при возењето, системот за контрола на шасијата забележи дупка на патот, а во возилото е вклучен системот Car-to-X Communication, информацијата во реално време преку мобилната комуникација со точно дефинираната локација, ќе биде испратена на Cloud базата на Mercedes-Benz.

За опасноста на патот, патничките возила на Mercedes кои ќе бидат во близина на детектираната дупка, ќе бидат предупредени со сигнал (икона) на навигациската мапа.

Дополнително, на 10 секунди од дупката, возачите ќе бидат информирани за опасноста и со звучен сигнал.

Со тоа, луѓето во Mercedes очекуваат сериозно да се подобри безбедноста на возачите.

Тие ќе бидат инфрмирани за опасноста, ќе имаат време за маневар, а со тоа ќе избегнат оштетување на шасијата, гумите или ќе се заштитат од сообраќајна незгода.

Притоа, ова предупредување ќе може да го добиваат сите возила кои се произведени по 2016 година, но кои го имаат системот Car-to-X Communication, а кои според Mercedes, се околу 3 милиони возила во светот.