Вистински момент да направите добра веб страна

161

Во изминативе две години, новиот опасен вирус кој прерасна во пандемија целосно ги смени нашите стандарди на дружење, функционирање, работење. Го смени нашиот живот.

Компаниите недоволно подготвени за новата реалност, за момент запреа, но притиснати од пандемијата која не стивнува, започнаа да иновираат и имплементираат во од… Се воведуваа нови правила на игра – работа во смени, работа од дома, состаноци online, се користеа live chat алатки…

Продавниците, салоните и моловите ги загубија физичките посети на клиентите, но дел од нив навреме отворија каталози, онлајн продавници и системи за порачка и испорака. Рестораните ги затворија своите локали, но дел од нив навреме лансираа модерни системи за порачки онлајн и испораки до дома, со процесирање и испорачување на храната без допир на рацете.

Притоа, масовно се рекламираа и промовираа на google, на социјалните мрежи (facebook, instagram, linkedin)…

Затворени во своите домови, луѓето како никогаш порано, ги користеа интернетот, google, социјалните мрежи… Го користеа своето слободно време за разонода со филмови и серии, читање вести, статии и портали, подоцна и за учење (од масата на тренинзи, курсеви и семинари постирани онлајн).

Добра, функционална и респонсивна веб страна, клучна алатка за успешен бизнис

Нашата реалност се префрли на светската интернет мрежа.

Модерна веб страна е задолжителна за вашиот бизнис

Во времето во кое се’ се префрла на интернет, стана јасно дека повеќе не е привилегија да имате добра веб страна. Добрата веб страна е задолжителен дел од вашиот бизнис.

Без оглед на дејноста со која се занимавате и големината на вашиот бизнис, едноставно морате да имате добра веб страна.

Со модерна и свежа со информации веб страна можете да опстанете, да му кажете на светот дека постоите и да работите (примате порачки, правите наплата, вршите и менаџирате испораки).

Малку статистика, како потврда

Според најновите светски истражувања :

  • 81% од клиентите пред да го купат производот или услугата, правеле претходно истражување на интернет,
  • 51% од луѓето се запознаваат со нови компании преку пребарувачите на интернет,
  • 50% од луѓето физички ја посетуваат продавницата што ја нашле на интернет, веќе следниот ден,
  • 61% од клиентите го користат интернетот за да се запознаат со вашите производи и услуги,
  • 64% од малите бизниси имаа своја веб страна.

Резултатите на истражувањата се сосема логични. Пред да купите некој производ или услуга, во денешно време, првенствено ќе го консултирате интернет.

Прво на google, па на социјалните мрежи (facebook, instagram или linkedin).

Добар сајт, лесен за пребарување, со можност за плаќање онлајн. Основа за вашиот бизнис

Зависно од природата на производот и услугата, ќе побарате и независни мислења на клиенти (оценки, искуства, коментари).

Според тоа… Навистина немате избор. Ако сакате да опстанете и да се развивате, морате да развиете присуство онлајн. Да направите и лансирате модерна, респонсивна (за мобилни телефони) веб страна на која ќе ја презентирате вашата фирма, производи и услуги на најдобриот можен начин, а потоа истата ќе ја промовирате и направите достапна на интернет.

Впрочем, токму затоа во светски рамки 64% од малите и средни претпријатија имаат веб страна, а 29% од оние кои немаат, планираат да лансираат веб страна во 2021 година.

Во која група спаѓате вие и вашиот бизнис?

Одлична понуда за одлична веб страна, за само 500 евра

Постојат уште стотици статистички податоци, врз база на кои можете да ја изградите вашата успешна интернет стратегија.

Специјално за малите и средни претпријатија, компанијата GBB подготви специјален промотивен пакет, со важност само во следните 3 месеци – мај, јуни и јули, кој е навистина достапен до сите.

За само 500 евра (30.000 денари), можете да добиете модерна, одлично дизајнирана веб страна, со која ќе ја презентирате вашата фирма и вашиот бизнис (дејност, производи и услуги).

Пакетот вклучува :

  • Дизајн на презентациска веб страна,
  • Купени сток фотографии со висока резолуција за одличен дизајн на вашиот веб сајт,
  • Домаин (регистрација на име на вашата веб страна) пр. biznis.mk за првата година,
  • Хостинг пакет (закуп на сервер на кој ќе биде поставена вашата веб страна) во првата година,
  • Отворање на e-mail адреса која ќе го носи името на вашиот домаин, пр. info@biznis.mk што ќе го подигне вашето ниво и впечаток за сериозност. Во денешно време ретки се сериозните компании кои имаат службен маил на yahoo или gmail.
  • Бонус – 15 дена веб банер и PR текст за вашата фирма на tempo.mk

Со наведениот пакет, кој дополнително, можете да го платите во две месечни рати, можете да добиете веб страни како следните :

Покрај наведените услуги, во GBB можете да добиете и посложени интернет проекти, како и други маркетинг услуги (дизајн и водење социјални мрежи, дизајн и дистрибуција на пораки на интернет – newsletters, организирање и водење настани, дизајн и печатење – флаери, каталози, списанија, материјали, закуп на простор во најдобрите медиуми во земјата – тв, радио, интернет портали).

Повеќе информации и закажување презентациски состанок на :

info@gbb.mk

Teл. 071 30 777 8