01/10/2022
spot_img
домаСервисиВестиВисоки цени за горивото? Како можете да заштедите?

Високи цени за горивото? Како можете да заштедите?

LIQUI MOLY може да го заштеди вашиот домашен буџет

Сегашните цени на бензинските пумпи може да ви ги насолзат очите. Нема што да се прави во поглед на новите цени, но постојат повеќе едноставни начини да се намалат трошоците врзани за вашето возило. Не е само потрошувачката на гориво – постојат и други скриени трошоци” објаснува Давид Каизер, Лидерот на Одделот за Истражување и развој во специјалистот за масла и адитиви – LIQUI MOLY.

Моторот, секогаш кога работи,  создава отпадоци и гареж кои се лепат за инјекторите. Ова значи дека бензинот повеќе не се атомизира толку добро како што тоа се случува при чисти бризгалки. Како резултат на тоа, согорувањето не е повеќе ефикасно : се креираат помали излезни вредности (аутпут) на моторот како и поголема потрошувачка на гориво. “Дополнително, се создаваат и се повеќе остатоци од согорувањето (гареж) кои уште повеќе го зголемуваат проблемот. Тоа е многу степенест проблем, па возачот нема веднаш да зголеми дека возилото ја зголемило потрошувачката на гориво.” Колку е постаро возилото, со повеќе изминати километри, и колку е полош квалитетот на горивото, толку е поголем и проблемот.

Injection Cleaner адитивот од LIQUI MOLY се справува со тој проблем. Ова е адитив за бензин кој едноставно се додава на резервоарот за гориво. Кога моторот работи, состојките на адитивот кои се наменети за чистење, доаѓаат до инјекторите заедно со бензинот, и постепено ги отстрануваат штетните наслаги. “Моторот ги враќа своите иницијални вредности на потрошувачка и излезните вредности – моќта,” вели David Kaiser. “Уште повеќе, чистите инјектори имаат и помал ризик од технички проблеми. Ова е исто така значаен бенефит бидејќи инјекторите се скапи.” Со адитивот  Super Diesel Additive, LIQUI MOLY нуди слични својства и кај дизел моторите.

Ако промената на масло ви доаѓа набргу, трошоците при возењето може дополнително да се намалат.

LIQUI MOLY Engine Flush се додава на маслото непосредно пред промена на старото масло. Неговите состојки кои имаат својства на чистење ги растворуваат  наслагите и нечистотиите од маслениот проток, кои потоа се исфрлаат заедно со старото масло. Свежото масло влегува во чист мотор и исто така му дава можност да испорача максимални перформанси. “Наслагите и гарежот во маслениот проток влијаат врз соодветното заптивање во моторот, при што придонесуваат и за повисока потрошувачка на гориво, ” вели David Kaiser. “Тие исто така го зголемуваат ризикот од технички проблеми (дефекти) што овозможува превентивно спречување на можни скапи поправки.”

Голем проблем во врска со трошоците  може да ви предизвика и изборот на масло кое е несоодветно за вашиот мотор.  David Kaiser: “Денес, маслото е како течна компонента која со висока прецизност се упарува со моторот. Ако ставите грешно масло сте направиле проблем – исто како да сте вградиле погрешен резервен дел. Последиците може да бидат од зголемена потрошувачка (абење) на моторот, наслаги во маслениот круг, до проблеми со системите кои ги третираат издувните гасови па и сериозни мторни оштетувања. ”Затоа вложувањето на уште неколку евра на маслото со соодветен и висок квалитет е добра инвестиција. На страната  www.liqui-moly.mk ќе го најдете подменито Оil Guide во кој со неколку лесни чекори можете да го најдете најдоброто масло за вашето возило (внесувајќи ги неговите податоци – производител, модел, година на производство.

По промена на маслото, можете да додадете и една кантичка од адитивот LIQUI MOLY Cera Tec . Ова е адитив кој го намалува абењето на моторот и хемиски и физички. Cera Tec го постигнува ова со намалување на триењето в моторот. А помало триење значи и помала потрошувачка. “Но она што е уште поважно е дека помалото триење значи превентива против поправки и подолг животен век на моторот,” вели David Kaiser.

Овие едноставни трикови ќе ви помогнат да го намалите трошокот за гориво – барем малку. Но уште поголемото штедење лежи на друго место, вели Давид Каизер : “Најголемата заштеда ви е ако ги избегнете трошоците за поправка на возилото како и да го зголемите животнит век на вашето возило.”

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...