Високи царини за Кинеските автомобили

64
Фото - Pixabay

Европската комисија ги информирала Кинеските производители на електрични автомобили дека од почетокот на следниот месец, нивните возила ќе добијат повисоки царински стапки.

Според информациите, компанијата BYD за своите автмобили ќе мора да плаќа царина од 17,4 проценти, Geely ќе плаќа царина – 20%, а SAIC огромни – 38,1 проценти!

Oваа мерка беше најавувана одамна, како начин да се заштити домашното производство на автомобили во Европа.

Од друга страна, Кина исто така најави дека во случај да се наметнат повисоки царини, и тие ќе одговорат соодветно, што значи дека и европските автомобили веројатно ќе добијат повисоки царини како реципрочна мерка на огромиот Кинески пазар.

Реклама